Со новата социјалната реформа, системот за социјална заштита целисно се преобразува во систем кој извлекува од сиромаштија. Социјалната реформа обезбедува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток и Додаток за образование, соопшти СДСМ.
„Со тоа, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик.
За прв пат корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Додека пак, досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование.
Висината на средствата за помош ќе се утврдува за секое домаќнство посебно согласно Закнот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.
Па така, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште, со социјалната реформа би користело месечен надоместок од 10.600 денари.
Ова се дел од низата мерки од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата.
Остануваме посветени на мерките и политиките што го унапредуваат и олеснуваат животот на секој граѓанин. Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани“ наведува партијата.