26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Управниот суд донесе пресуда во корист на Владата во врска со рудникот „Казандол“: Раскинувањето на Договорот за Казандол е законито

Владата на Република Северна Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.

Во одлуката на Управниот суд, која на 14.5.2019 година станала правосилна е наведено дека, оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека одлуката на Владата за раскин на договорот за рудникот Казандол е законита.

Во пресудата се вели дека Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија. Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар.

Овие факти се утврдени согласно Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, потпишан од Република Северна Македонија-Министерство за економија и тужителот „Друштво за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз Скопје од 27.2.2015 година.

Владата на Република Северна Македонија останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК