8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Социјалната реформа ги унапредува правата на лицата со попреченост, градиме фер и праведно општество на еднакви можности за сите

Со новата социјална реформа, која е веќе усвоена во Собранието, градиме систем кој го унапредува животот на лица со попреченост и нивните семејства, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение велат дека за прв пат, се обезбедува надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно, а предвидени се и две услуги во домот на лицата со попреченост – помош и нега и лична асистенција.

„Обезеден е паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи. Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија

Со социјалната реформа се воведува марката траен надоместок. Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.

Продолжуваме со грижата за граѓаните преку вистински мерки и конкретна, вистинска помош и поддршка за оние семејства на кои тоа им е неопходно. Секој е важен.

Зборот е збор. Градиме фер и праведно општество со еднакви можности за сите, градиме систем кој обезбедува услови за квалитетен живот за сите граѓани“ стои во соопштението на СДСМ.