Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ништо од пролетта ниту викендов: Циклонот се враќа со нови дождови, грмежи и град

И утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 25.05.2019
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 20°С до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 26.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 27.05.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК