Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев-Хан: Северна Македонија покажа дека заслужува датум за почеток на преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска, на маргините на Виенскиот економски форум, се сретна со еврокомесарот за поширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев го информирал еврокомесарот Хан за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, коишто, како што рекол Заев, се уште еден доказ дека земјата е стабилна и сигурна и дека со право заслужува да добие датум за преговори со ЕУ ова лето.

Исто така, на средбата премиерот Заев истакнал дека нема друга алтернатива за Република Северна Македонија, освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

„Отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ е единствената гаранција дека земјата и натаму ќе биде стабилна, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Северна Македонија“, рекол Заев.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата

ДЕСК

Мицкоски: Инфраструктурните проекти во Кавадарци кои набрзо ќе се реализираат ќе значат подобар живот не само за кавадарчани, туку и за жителите на Тиквешијата

ДЕСК

Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“ – Тошковски во работна посета на полициските служби

ДЕСК