Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По убавото време, повторно невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со силен ветер и град.

Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во наредните два дена во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 21.05.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 29°С до 27°C
Сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи,

Прогноза за 22.05.2019
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 23.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +