5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Да ја охрабриме дијаспората да ја поддржува македонската музика, само позитивен пристап ќе влијае и врз оние со најголема омраза во себе”

– Дијаспората не е хомогена и поради тоа не треба да ја генерализираме. Тоа се наши сограѓани кои заминале од земјава од свои причини. Секој граѓанин од дијаспората има свој специфичен однос кон Северна Македонија и кон содржините кои излегуваат од нашата земја кон светот, смета советникот за односи со јавност Марјан Забрчанец.

-Очекувано е дијаспората да ја поддржува својата земја, но кога имаме случаи на отстапувања треба да се трудиме да мотивираме за позитивна промена, е не да напаѓаме.

Оттука, сметам дека е добро да ја охрабриме дијаспората на поголема поддршка за македонската музика. Позитивниот пристап ќе влијае и врз оние со најголема омраза во себе.

Така побрзо ќе се разбереме дека Македонците не се Северџани како што некои ги нарекуваат, Северна Македонија не е “Северна”, а македонскиот јазик не е северномакедонски.

Да живее музиката која обединува, вели Забрчанец, во својот пост на социјалните мрежи.

Спонзорирано: