23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„На своја кожа“: Перформанс за трговијата со луѓе во сабота во МКЦ

На 18 мај (сабота) со почеток од 20 часот во Џебното кино на МКЦ ќе се одржи изведба на перформансот насловен „На своја кожа“.

Перформансот е по сценарио и режија на Александар Арсовски, а во него учествуваат Сандра Танчева, Кире Ацевски и Јована Спасиќ. Тројцата актери се ставени во улога на жртви кои биле дел од ланецот на трговија со луѓе и го раскажуваат болното искуство што го преживеале, како и дали успеале да се спасат и како го направиле тоа.

Активноста е дел од проектот невладината организација „Отворена порта – Ла Страда“ насловен како „Млади во акција – Заедно против трговијата со луѓе“ во чии што рамки се поддржани 11 младински активистички тимови кој што спроведуваат локални превентивни кампањи против трговија со луѓе.

Перформансот има за цел да влијае на поддигнување на свеста кај локалното населени за проблемот со трговијата со луѓе и да алармира дека ова не е проблем кој се случува надвор од нашата држава туку е реалност и овде во нашето место на живеење.