Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врие од полиција и болнички: Расте бројката на загинати – Неофицијално 5 лица починаа во тешката сообраќајка кај Драчево

Според неофицијални информации на Centar.mk, три лица починаа на лице место, а две со тешки повреди им подлегнале на скопските клиники во тешката сообраќајка која што се случила на излезот на скопско Драчево ноќеска околу полноќ.

Сепак напоменуваме дека ова се неофицијални податоци од терен.

Како што претходно објави Centar.mk, во трагичната сообраќајка учествувале автомобил рено и камион за собирање смет, со засега непознати регистерски табли.

Сообраќајот во моментов се пренасочува, а на лице место може да се забележи силно полициско присуство, болнички и пожарникарно возило.

Полицијата најавува повеќе детали за трагедијата во утрешниот ден.

 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК