11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР: Шестмина загинаа во несреќи во Скопје

Во текот на изминатиот ден (14.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои шест лица ги загубиле животите.

Од преземените сообраќајни мерки констатирано е дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Наедно, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина поради неправилно престројување, а исто тоолку возачи заради неправилно престигнување.

Тројца возачи се санкционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Покрај ова, од сообраќај се исклучени 28 возачи: 26 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, а двајца биле возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатит ден издадени се 65 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕН АЛАРМ, МАКЕДОНИЈА КАКО ПОД САЧ, ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза за следната недела!

ДЕСК

Мицкоски се врати од одморот во Хрватска, утре ќе биде во Петровец

ДЕСК

Гори кај Долно Дупени – Спасени се викендиците и куќите, делуваат ер-трактори

ДЕСК