14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев се враќа утре од одмор: Се најавува турбо агенда

Премиерот Зоран Заев, од утре се враќа на своите работни обврски дознава Centar.mk, откако како и секој граѓанин зеде неколкудневен одмор по напорната кампања за Претседателските избори која траеше два круга.

Како што дознава Centar.mk, премиерот Зоран Заев веќе од утре има турбо набиена агенда со многу обврски во Владиниот кабинет.

Премиерот Зоран Заев во своето неодамнешно обраќање во јавноста по повод инаугурацијата на Претседателот Стево Пендаровски најави дека заедно ги чека многу напорна работа за нашиот народ.

Заев, како што дознава Centar.mk, ќе го има и првото претседателско-премиерско кафе со новиот Претседател Стево Пендаровски.

Спонзорирано: