Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Премиерот Зоран Заев: Се зголемуваат платите на овие вработени – Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото

– На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности, соопшти премиерот Зоран Заев, најавувајќи дека со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година.

– Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата.

Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото, продолжуваме да работиме на подигањето на стандардот во културата. Културата е еден од столбовите на нашето заедничко општество, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК