Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме беснее низ Македонија – еве што најавуваат синоптичарите

На повеќе места во земјата времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Нестабилност со појава на пороен дожд и засилен ветер има и во Скопје.

И утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температура од 10 до 20 степени.

В четврток и в петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК