Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ерсте Банк предвидува забрзан раст во Македонија, откако беше ставен крај на политичката неизвесност

По речиси окончувањето на речиси три деценискиот спор на Северна Македонија со Грција околу името на земјата, нашава земја може да очекува период на забрзан раст на среден рок, поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, според новиот извештај од Ерсте банк, јавува Еmerging-europe.com.

Банката очекува пораст на БДП од 2,9 отсто оваа година, а потоа да се забрза на 3,3 отсто во 2020 година со враќањето на инвестициите.

“Јавните инвестиции во 2018 година беа во голема мера одложени поради политичка несигурност, па затоа очекуваме дека капиталните трошоци да се зголемат оваа година, додека изградбата на автопатот се движи напред”, се вели во извештајот.

” Триумфот на левоориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесна претседателска трка над главната конзервативна опозициона кандидатка Гордана Силјановска Давкова може де факто да се гледа како став за неодамнешните промени во името, како и заложбата за интеграција во НАТО и во ЕУ”.

Ерсте предвидува дека стапката на невработеност оваа година да падне под 20 отсто, при што вработеноста ќе се зголеми кон 53 отсто, со поддршката од владините субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК