Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на цената на парното – просечната сметка намалена за една третина

Просечната годишна сметка што ја испорачувал БЕГ АД Скопје за еден стан во 2018-та била 19,6 илјади денари, објави Регулаторната комисија за енергетика, пишува Фактор.

-Фактурата за парно-греење во однос на една година претходно во просек е помала за 3,1 отсто, а споредено со 2016 е поевтина за 5,76 проценти, според моделот на пресметување на РКЕ. Иако во однос на претходните години не е многу помала, сумата е за една третина поевтина кога ќе се погледне и таа 2012-та, кога била 30.000 денари на годишно ниво, по што започнува нејзиното намалување во контннуитет, се вели во информацијата.

Од 2012 до 2018 година за потрошувачите на БЕГ, надоместокот за топлинска енергија е намален за вкупно 33,45 отсто во становите, пишува Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК