Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Добра вест – заврши мандатот на Ѓорге Иванов, граѓаните избраа напредок

,По 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата.Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција”, соопшти СДСМ.

Според партијата, со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

,,Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.
Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува.Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.
Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК