Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Собраниска делегација на студиска посета во Словенија

Делегација од Собранието ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија, од денеска до 15 мај. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ.

Студиското патување за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана е организирано за парламентарци од Југоисточна Европа – регион Западен Балкан, а организиранo од страна на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ – Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално Министерство за економска соработка и развој.

На отворањето се очекува воведно обраќање да имаат организаторите на студиското патување, Ањаж Плевнич и Владимир Бабич, како и градоначалникот на градот Љубљана, Зоран Јанковиќ. Исто така, се очекува учество да земат и Матик Сопотник од одделот за транспорт и Леа Рикато-Ружич, претставник од невладиниот сектор.

На вториот ден од студиската посета се очекува да се одржи состанок со Едвард Паулич, член на националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност, на тема: „Национална поддршка за планирање одржлива мобилност“. Исто така, се очекува учество да земат и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставник на компанија за јавен превоз во Љубљана.

Студиското патување е од големо значење бидејќи се очекува да се разменат искуства и практични примери во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК