Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Инаугуарацијата на про-западниот победник на Претседателските избори Стево Пендаровски станува атракција – Првите луѓе на Бугарија, Србија, Косово и Албанија се дел од личностите кои ќе присуствуваат на свечениот чин

Претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово го потврдија своето присуство на инаугурацијата на Стево Пендаровски кој од утре формално ќе ја презеде функцијата претседател на Република Северна Македонија.

Александар Вучиќ, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи ќе ја следат инаугурацијата во собраниската сала, каде ќе пристигнат и претставници од уште неколку земји од регионот и Европа.

Како што јавија од собраниската прес-служба, своето присуство го потврдиле и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ со сопругата Анета Спаиќ, министерот за надворешни работи на Грција, Георгиос Катроугалос и заменик-министерот за надворешни работи Мациеј Ланг. Од Словенија ќе допатува висок претставник на кабинетот на претседателот Борут Пахор, а од Турција заменик министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакчи.

Собранието јави дека ќе присуствуваат и претставници од дипломатскиот кор.

Пендаровски утре напладне ќе даде свечена изјава во Собранието, а потоа ќе замине во претседателската вила на Водно.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК