Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини

ВМРО-ДПМНЕ го рашири непотизмот до невидени размери. Кога зборува за оваа тема треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се пример за непотизам, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО -ДПМНЕ.

,,Додека купот роднини не се повлечат од работните места ВМРО-ДПМНЕ нема образ да кажува нешто на оваа тема. Државната комисија за спречување корупција и институционално потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директни ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини.Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.

Новиот состав на ДКСК избран на транспарнтен и инклузивен начин денес работи одговорно и професионално. Сите нејзини одлуки мора да се почитуваат.Опозицијата да учи што е државничко и одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини од работните места”, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

СО МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата уапси 37-годишен маж во Гевгелија

ДЕСК

ТРИ СЕМЕЈНИ ДРАМИ ВО ЕДЕН ДЕН – Нападнати сопруга, 70-годишна баба и поранешен партнер, три лица уапсени

ДЕСК

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

ДЕСК