Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со поразот на претседателските и локалните избори и да ги остават институциите да работат слободно и независно

– Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со фактот дека загубија и на претседателските и на предвремените локални избори, велат од СДСМ.

– На кристално чисти, фер и демократски избори, граѓаните кажаа НЕ на концептот на Мицкоски кој води назад кон изолација и темното минато на криминал и неизвесност.

Сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи позитивно го оценија изборниот процес и го пофалија професионалното и одговорно однесување на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ги остават надлежните институции да ја вршат својата работа. Времето кога им наредуваа на судовите и обвинителствата како да постапуваат заврши со нивното заминување од власт.

Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе и кај неговите деструктивни политики кои имаат единствена цел да го штитат криминалот на Груевски.

Државата тргна напред по вистински пат и враќање назад нема да има, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК