Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка – Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетно, поддржувачко и развојно работно искуство за своите вработени.

Сертификатот претставува независна потврда за усогласеноста на ЧР практиките на НЛБ Банка со меѓународно признати стандарди и ја реафирмира стратешката определба на Банката за континуирано унапредување на работното искуство, развојот и добросостојбата на вработените. Со тоа, дополнително се зацврстува позицијата на НЛБ Банка како посакуван, одговорен и современ работодавач.

Веста за сертификатот беше споделена со вработените и нивните семејства за време на традиционалниот Family Day на НЛБ Банка, симболично поврзувајќи го признанието со неговата суштина: луѓето, нивното искуство и организациската култура што Банката континуирано ја гради. Во неформална и пријатна атмосфера, Банката заеднички одбележа успех кој претставува потврда на посветеноста кон создавање квалитетна и развојна работна средина.

Ова признание е резултат на нашата долгорочна посветеност да градиме работна средина во која вработените се чувствуваат поддржани, вреднувани и мотивирани да се развиваат. Верувам дека задоволството на вработените е основа за квалитетна услуга кон клиентите, за одржлив раст и за создавање позитивно влијание во заедницата. Сертификатот Top Employer е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат, но и обврска и натаму да ги унапредуваме нашите практики и култура.“ – истакна Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски во своето обраќање кон колегите. 

Сертификацијата на НЛБ Банка произлезе од повеќемесечен, структуриран процес на институционална проценка и независна валидација на ЧР политиките, процесите и практиките на Банката од страна на Top Employers Institute. Притоа, беа оценувани клучни области од управувањето со човечките ресурси, вклучително развојот на таленти, организациската култура, учењето и напредувањето, инклузивноста и добросостојбата на вработените и низа други. 

*Top Employers Institute е глобална организација која ги сертифицира компаниите врз основа на нивните практики во областа на човечките ресурси и искуството на вработените. Сертификатот Top Employer им се доделува на организации кои покажуваат посветеност кон создавање подобри услови за работа, континуиран развој на вработените и унапредување на организациската култура.