Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на виделина, ДКСК ја прекинува постапката против МанчевскиПропадна уште една измислица, уште една лага на очајната и безидејна ВМРО-ДПМНЕ која е навиката на креирање непостоечки случаи и лажни вести. Како што јавно објави Државната комисија за спречување корупција, прекината е постапката отворена против потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по пријава од ВМРО-ДПМНЕ, поднесена со лажни и нецелосни податоци, велат од СДСМ. „Ова е уште еден доказ дека целокупното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е засновано единствено на лажни вести, измислици и дезинформации. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен со лажни вести и дезинформации да се обидува да го руши угледот на членови на Владата и на функционери од СДСМ“, велат од партијата. Од таму додаваат дека ја охрабруваат Комисијата за спречување корупција да продолжи да работи професионално и независно и да отвора предмети против сегашни, но и поранешни функционери.

Пропадна уште една измислица, уште една лага на очајната и безидејна ВМРО-ДПМНЕ која е навиката на креирање непостоечки случаи и лажни вести. Како што јавно објави Државната комисија за спречување корупција, прекината е постапката отворена против потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по пријава од ВМРО-ДПМНЕ, поднесена со лажни и нецелосни податоци, велат од СДСМ.

„Ова е уште еден доказ дека целокупното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е засновано единствено на лажни вести, измислици и дезинформации. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен со лажни вести и дезинформации да се обидува да го руши угледот на членови на Владата и на функционери од СДСМ“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ја охрабруваат Комисијата за спречување корупција да продолжи да работи професионално и независно и да отвора предмети против сегашни, но и поранешни функционери.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК