Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

САД: Помпео ќе се сретне со Лавров и Путин во Русија

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ќе отпатува во Русија каде ќе престојува од 12 до 14 мај и ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.

„Тие ќе разговараат за билатералните и мултилатералните предизвици“, се наведува во соопштението.

Иако американскиот претседател, Доналд Трамп, се залага за блиски врски меѓу двете земји, средбата на Помпео со Путин и Лавров доаѓа во момент кога двете светски сили се во затегнати односи за низа прашања кои ги вклучуваат Венецуела, Сирија и наводите за руската вмешаност во американските избори за претседател што се одржаа во 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК