Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Папата Франциск го потврди Македонскиот идентитет и Македонците како нација

„Овде, всушност, различната верска припадност на православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етничката припадност на Македонците, Албанци, Срби, Хрвати, и другите, создаваат еден мозаик во кој секое каменче е потребно за оригиналноста и убавината на целиот мозаик, пренесе 1ТВ, објавувајќи го следното видео:

– Убавина, која ќе го достигне својот најголем сјај до таков степен за да можете тоа да го пренесете и да го засадите во срцата на новите генерации…“, истакна Папата Франциск во неговото обраќање пред државниот врв при посетата на Скопје на 7 мај 2019.

Оваа изјава на Папата Франcиск, највисокиот жив морален авторитет во светот, е одговор за сите оние коишто велат дека нашиот етнички идентитет е оспорен по Преспанскиот договор, како и за оние коишто во деновите пред неговата посета во Северна Македонија ја манипулираа јавноста дека Папата го оспорува, игнорира или брише етничкиот идентитет на Македонците.

Оваа порака од Папата е уште еден доказ дека идентитетот на македонскиот народ воопшто не е доведен во прашање, напротив, тој дополнително се зацврснува со нашиот напредок во евроатлантските интеграции, пишува 1ТВ.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +