Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување, се најавува и снег: До понеделник големо невреме, од вторник драстично спуштање на температурите

Од денес кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.

Прогноза за 05.05.2019
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 16°С до 22°C
Променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 06.05.2019
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 23°C
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 07.05.2019
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Променливо облачно со слаб локален дожд и услови за слаб снег на повисоките планини. Ќе дува засилен северерозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +