Последниот дочек на Нова година за Тито: Еве како владетелот на СФРЈ ја дочекал 1980 година
Неприкосновениот владетел на некогашна СФРЈ Јосип Броз Тито бил човек кој уживал во луксуз. Доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на новата 1980 година.
Иако тогаш бил болен и стар, Тито сепак се појавил на дочекот кој бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“.
Дека Тито тогаш бил болен и немоќен, докажува и снимката од прославата, на која не станувал од столот.
Неговите пријатели му честитале среќна нова година и му посакале се најдобро.
Погледнете како му ја честитале 1980 година во која Тито го напуштил овој свет.