Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Одговорот на Тито пред 49 години ги остави без зборови американските новинари

После историската посета на Ричард Никсон на Југославија, 1970 година, претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито возвратил со посета на Америка, наредната година.

Посетата била и повеќе од успешна, а лидерот на СФРЈ бил дочекан со најголеми можни почести.

Во националниот клуб за печат во Вашингтон, Тито одговарал на прашањата на американските новинари.

Благодарение на духовитоста на Тито, маршалот брзо воспоставил контакт со новинарите, и на конференцијата завладеала срдечна атмосфера.

Со своите духовити одговори, Тито ги импресионирал и најпровокативните новинари. Сепак, едно прашање се издвоило, а го поставил Американец.

– Господине претсеедателе, што претставува најголемиот позитивен резултат на посетата на Никсон во Југославија, го прашале новинарите.

– Тоа што сум денес во Америка, одговорил Тито.