Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров од Битола: Во недела масовно да излеземе и да ја исправиме државата по патот по кој што тргнавме, идните генерации да добијан фер шанса

Никола Димитров, министер за надворешни работи, на денешната трибина во Битола на караванот Заедно Напред повика на масовна излезност во недела за државата да продолжи да оди напред, кон интерграција во НАТО и ЕУ, кон инвестиции, напредок, развој, нови работни места.

„Државата да си ја исправиме по патот по кој тргнавме и да си бидеме горди. Да си бидеме горди што може нашата генерација да направи и да им дадеме на нашите деца пристоен почеток, подобар од оној ние и нашата генерација што ја имаше. Можеме, во недела масовно да излеземе и да гласаме, заедно напред. Ќе ни ја биде земјата“ рече Димитров.

Димитров рече дека поддршката за Стево Пендаровски ќе значи порака и до опозицијата дека треба демократски да се трансформира, да ги напушти стегите на поранешниот лидер, да се промени и да работи во интерес на граѓаните и државата.

„Еднава партија слуша и расте. Другата не сака да се менува, останува заглавена во минатото. Да им помогнеме. Во недела да победи концептот за напред, за иднината, да ја добијат пораката и да направат реформи и во опозицијата. Во недела да им покажеме дека мора да пораснат.“ рече Димитров на трбината во Битола.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +