Статус на Венко Глигоров:
Прво за економијата. Во време на нејзиното министерување, нејзиниот сопруг држеше фришоп на најпрометното место – Табановци. Онака, сосема случајно го доби, поштно нели чесна и е по правдата!!!!??? Тогаш Србија беше под меѓународна блокада. Бевме опоменувани од меѓународната заради прекршување на блокадата. Имаше секаков промет во тоа време – во кеш.
Бидејќи видоа дека фришоповите носат екстра огромни профити, а посебно тој на Табановце, се појавија разни аспирации кај пријатели на тогашната Влада. Бидејќи не можеше да се процени кој најмногу „заслужува“ падна Владината одлука да се прекинат фришоповите во цела земја – на штета на цела Македонија. Во тоа време наместо странците да пазаруваат во наши фришопови, сите преминаа на шопинг во грчките. И така повеќе од 20 години. Наместо наши производи, странците пазаруваа грчки производи. Наместо Ракија и Мастика, странците купуваа Узо и Ципуро.
А сега и за правдата. Крајот на 90тите години, сопругот на кандидатката остана должен на фирмата што ја водам. По неколку јавувања, опомени и слично, случајно го сретнав дотичниот. Ми кажа: „Не ги добиваш парите. Тужи ме. Знаеш кога ќе ги добиеш?“. Алудираше дека судовите се на негова страна. Му реков: „Кога тогаш ќе ги добијам“. Досега не ги добив парите, чисто информативно.
Но може да заклучам дека за време на „министерувањето“ на кандидатката не беше погодно за економијата во Македонија. И судството не беше ни оддалеку ефикасно и беше скроено за такви како „сопругот“ да може да се изживуваат.
Па да прашам, за која правда сега зборува кандидатката? За правда на лоповите или за правда на чесните граѓани и стопанственици? Дали од тогаш нешто покренала за подобрување на состојбата, пошто нели, она универзитетски професор во делот на правото? Само се фалат со титули и она „универзитетски“, а немаат ништо реално направено добро за државата. Не верувам дека оваа кандидатка мисли и може нешто добро да направи за Македонија. Да си го кажам моето мислење зошто ми стоеше како грутка во градите.