Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев најави убедлива победа на Стево Пендаровски: Победата ќе биде со 100 илјади гласови

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено вели дека е уверен во победа во вториот круг, смета дека тоа ќе биде убедлива победа изразена со 100 000 гласови разлика. Заев смета дека голем дел од гласовите коишто беа поделени меѓу Пендаровски и Река во првиот круг, сега ќе се пренасочат кон нивниот претседателски кандидат.

Истотака, тој очекува дека голем дел од гласачите кои не излегоа во првиот круг со намера да покажат одредено незадоволство од владеењето, сега по преземените чекори и најави за итни смени во владиниот прв, втор и трет ешалон, дека ќе излезат и дека ќе ја дадат поддршката за европска Северна Македонија, членка на НАТО.

„Тоа е единствениот концепт што земјата ќе ја води напред и уверен сум дека гласачите тоа ќе го препознаат“ – изјави Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +