Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Сиљановска е поддржана од криминалци и воени злосторници

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб, Игор Јанушев, е дел од истрага на специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси. Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР, соопшти СДСМ.

Според партијата, Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.

„Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, како Игор Југ и Јане Ченто. Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски.Исто како и Христијан Мицкоски, и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.

Таа не може повеќе да ја лаже јавноста дека е за право и правда. Граѓаните гипрепознаа нејзината нечесност, неискреност и лажно претставување како натпартиски кандидат и затоа загуби во првиот круг од претседателските избори.На 5 мај Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат пораз со уште поголема разлика. Граѓаните нема да дозволат неискрени личности поддржани од насилници и злосторници како Сиљановска да застанат на чело на државата. Граѓаните во вториот круг масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата”, се наведува во соопштението.

МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски се надева на десет пати поголема разлика во вториот круг

ДЕСК

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на трибина со жителите на Аеродром порачаа масовна излезност на гласање и избор на вистински претседател на државата на кој, како што велат, прва и последна задача ќе му биде да работи за својот народ, за доброто на сите без разлика на вера, етничка или партиска припадност, претседател кој нема друга агенда освен напредокот на државата.

Пендаровски во Аеродром рече дека во вториот круг очекува десет пати поголема разлика отколку во првиот круг.

„Со заокружување на бројот 3 даваме шанса на единствениот начин да се приклучиме на Европската Унија и НАТО. Другата понуда е враќање назад, изолација и уназадување. Гласот за Гордана е гласање за нов Иванов. Поддршката за Мицковски е глас за враќање на Груевски. Знам зошто голем дел од граѓаните не излегоа на гласање во првиот круг, но сега треба да излезат заради иднината на државата, да не дозволиме враќање на диктатура и режим“, рече Пендаровски.

Шекеринска апелираше да не им се даде шанса на кандидатите кои на далечинска контрола се раководени од белата палата или од Будимпешта, да не им се даде шанса за да не се врати недемократското и недомаќинско живеење.

„Кога на 5 мај ќе излеземе да гласаме да се потсетиме на 5 мај пред 4 години. Каде беше тогаш Гордана Сиљановска кога беше првиот напад на Груевски врз младите, врз студентите? Каде беше Гордана Сиљановска кога нејзините студенти ги тепаа, каде беше кога нејзините колеги ги уценуваа? Каде беше кога ги слушавме бомбите и кога се кршеше правната држава? Тогаш молчеше. Каде беше кога телевизии се затвораа? Тогаш не молчеше туку оправдуваше. Доцна е сега да се зборува за правна држава, кога 11 години ја одмолча најлошата власт и сите неправди“, рече Шекеринска.

Во врска со состанокот во Берлин, каде синоќа учествуваше премиерот Зоран Заев, Шекеринска рече дека Северна Македонија е исклучок од лошите вести од Западен Балкан, бидејќи е земја која има реформска влада, земја која покажа дека знае да ги решава и најтешките прашања, земја која заслужува да ги почне преговорите со ЕУ.

Само со масовна излезност и со гласот за Стево Пендаровски, посочи Шекеринска, ќе покажеме дека со режимот е завршено засекогаш и дека продолжуваме заедно напред кон ЕУ и НАТО.

error: Соддржината е заштитена.