13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Бензинот убедливо најскап беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ – 90,5 денари за литар

Лицемерната ВМРО-ДПМНЕ во чие владеење беше забележана рекордна висока цена на горивата, денес во отсуство на идеи, продолжува да глуми загриженост и да шири лажни вести и измислици, соопшти СДСМ.

„Граѓаните паметат дека токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски граѓаните плаќаа најскапо гориво од осамостојувањето на државата.

2012 година ќе остане запаметена како година кога горивата достигнаа највисока цена. Година кога граѓаните за литар „евросупер 95“ плаќаа 89 денари, за „евросупер 98“ – 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари.

Наместо да ја лаже јавноста, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека цената на нафтата не ја одредуваат ниту СДСМ ниту Владата, туку дека таа се одредува од страна на Регулаторната комисија за енергетика според строго утврдена формула.

Со ваквото однесување ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека сè уште функционира врз основа на лаги и измислени сценарија и глуми лажна загриженост кон граѓаните, без притоа да даде вистински реални идеи за подобар и поквалитетен живот“, се наведува во партиското соопштение.

Спонзорирано: