17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски со жителите на Липково: Нема да дозволиме нов Иванов, на 5 мај да гласаме за соживотот, за напредокот во ЕУ и НАТО

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија на средба со жителите на Липково, порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да и донесе прогрес на нашата заедничка држава.

– Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи се она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев да за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев за Законот за јазици таа беше против.

Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов. Знаете дека тој 10 години се што правеше правеше во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Сега, Сиљановска сака да продолжи како него, сака да го врати назад Никола Груевски кој избега во Будимпешта.

Убеден сум дека ние, вие, тоа нема да им го дозволиме, туку дека на 5 мај ќе потврдиме дека конечно ставивме крај на груевизмот и дека продолжуваме напред како стабилна, безбедна држава – земја пријател на демократскиот свет, порача Пендаровски.

Македонија, рече Пендаровски е мултиетничка држава, во неа сите сме исти и имаме исти права, ние од една страна, сакаме напред во НАТО и ЕУ, тие, Сиљановска и Мицкоски сакаат назад во изолација и не и мислат добро на државата.
Затоа, на 5 мај, и овде во Липково и секаде низ државата, сите заедно да дадеме поддршка на бројот три, да гласаме за соживотот, да гласаме за ЕУ и НАТО, за подобар стандард и нови вработувања.

Спонзорирано: