На 19.11.2026 во 11:30 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 57-годишник од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото иако има активна забрана за управување. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


