Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Најостро го осудуваме потегот на Сиљановска и злоупотребата на деца за политички цели во кампања, очајна е од загубената поддршка кај граѓаните

– Очајна и соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска злоупотреби деца за политички цели во изборна кампања, реагираат од СДСМ во жестокото соопштение.

– Најостро ја осудуваме оваа дрска злоупотреба на дечињата од страна на очајната Сиљановска и очекуваме реакција од надлежните институции, вклучително и Државната изборна комисија.

Однесувањето на Сиљановска е спротивно на Изборниот законик но и на ратификуваната Конвенција за правата на детето, норми кои ги штитат децата од сите форми на злоупотреба во политички цели во кампања.

Скандалот е уште поголем што државата веќе се грижи за дечињата во СОС детското дело.
СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.

За секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата.

Право и правдина немаат ама баш никаква врска со Сиљановска која посегна дури и по злоупотребата на дечиња, згрижени од државата.

Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +