5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Руски експерт: Русија не треба да стане донатор на НАТО преку Северна Македонија

Москва треба стратешки да размислува за идната економска соработка со Скопје, каде што двајцата претседателски кандидати што се натпреваруваат во вториот круг од изборите го поддржуваат влезот на земјата во НАТО и ЕУ, тврди Владимир Оленченко, виш научен соработник во Националниот институт за истражување на светската економија и меѓународни односи „Примаков“ при Руската академија на науките, пренесува ТАСС.

Според првичните процени, Стево Пендаровски од СДСМ води со 42,56 отсто од гласовите. Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ доби 41,74 отсто гласови во првиот круг од претседателските избори. Пендаровски ја поддржува европската интеграција и членството во НАТО. Силјановска-Давкова, иако е значително поконзервативна, ја поддржува и идејата за приклучување кон Северноатлантскиот сојуз.

„Руското раководство и бизнисмените треба стратешки да размислат како и понатаму да ги развиваат своите односи со Северна Македонија зашто ова прашање има економски аспект покрај политичката димензија“, рече Оленченко.

„Проширувањето на трговијата и инвестициите треба да бидат од корист за сите страни. Во овој случај придобивките може да завршат кај НАТО бидејќи членките на алијансата треба да придонесат со 2 отсто од својот БДП во буџетот на НАТО. Кога се разгледуваат некои аспекти на билатералните односи, треба да се има предвид прашањето дали сакаме да станеме донатори на НАТО“, истакна тој.

Спонзорирано: