10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство. Најмногу домашни набљудувачи ќе има невладината МОСТ, вкупно 1.940 набљудувачи. Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак-сонце“ ќе учествува со 583 набљудувачи. Трето според број на набљудувачи е Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права „Аксиос“ со 329 набљудувачи.

На листата на акредитирани набљудувачи е Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје со 160 набљудувачи, но и Светскиот македонски конгрес Скопје со 59 набљудувачи.

Во мониторингот се вклучува и кумановското здружение „Инклузива” со 44 набљудувачи, од кои 40 се лица со попреченост.

ОБСЕ/ОДИХР има пријавено 195 набљудувачи и 187 преведувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе има двајца свои набљудувачи, а Парламентарното собрание на Советот на Европа 12. Од амбасадите најмногу акредитирани набљудувачи има американската амбасада-42 и 63 преведувачи, руската амбасада има четворица набњудувачи, а унгарската младинска политичка организација „Фиделитас“ шест набљудувачи.

За следење на изборите се акредитирани 13 странски новинари.

Можеби ќе ве интересира

Две бебиња повредени кај Скопје, откако пијан возач преминал на другата страна од коловозот и удрил во возило

ДЕСК

СДСМ: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него!

ДЕСК

Нова трагедија на Јадранското море: Македонка почина во Црна Гора

ДЕСК