Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Подмладокот на една партија во Штип пиел цела ноќ на партиска сметка – се делеле бесплатни ваучери за пијалоци на партиска забава

Невладината „Цивил“ евидентираше прекршување на изборниот молк ноќеска по полноќ во Штип, каде што според организацијата, се уште се делеле ваучери за бесплатен пијалок.

„Подмладокот на една политичка партија што поддржува еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, организира забавен настан во градот, со почеток во 21 часот. Присутните активисти на партијата, по полноќ, во изборен молк, скандираат со името на партијата, а на присутните гости им се делат ваучери за бесплатен пијалок со симболи на партијата што се доведуваат во врска со самата кампања“, соопштија од „Цивил“.

Од таму сметаат дека ова е грубо кршење на изборниот молк и велат дека имаат доказен материјал во форма на фотографии и видео снимки. Истите ќе бидат објавени во јавноста но в недела по 19.00 часот.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК