Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска е поддржана од насилници и криминалци, на претстојните избори ќе победи концептот што води напред, а не концептот што сака да не врати назад, реагираат од СДСМ

– Залудни се очајните обиди на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да го затскријат фактот дека нивната кандидатка Сиљановска е поддржана од криминалци, насилници и осуденици од насилствата на 27 ми април, се вели во соопштението на СДСМ.

– Луѓе осудени за терористичко загрозување на безбедноста како Игор Југ и најголемиот поддржувач на Сиљановска осудениот криминалец во бегство Груевски се ликовите кои не можат да се сокријат со било какви измислици и манипулации.

Потврда дека Сиљановска ужива во поддршка од криминалци и осудени насилници молкот за насилствата на 27-ми април.

На граѓаните не им е потребен претседател кој заштитува криминалци.

На граѓаните им е потребен вистински претседател кој ќе се залага и ќе работи исклучиво за нивни интерес и интересите на државата.

Затоа ќе победи концептот на Стево што води напред и што обединува, а не концептот на Сиљановска што сака да не врати во мрачното минато и што разединува, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК