Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Иванов не смее ниту да помисли да додели амнестија за осудените за 27 април, а еве и зошто

Јавноста веќе знае дека до Ѓорге Иванов се поднесени 27 барања за амнестија поврзани со настаните од 27 април, рече Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата, во изјава за медиумите.

Сепак, нагласи таа, претседателот во заминување во никој случај не треба да помисли на таков чекор.

„Oва го говориме затоа што независно од неговата уставна можност, она што членот 84 од Уставот му го дава, а тоа е да одлучува и за барања за помилувања, во конкретниот случај зборуваме за барања за амнестија поднесени од осудени лица за настани што државата ја однесоа и можеа да ја доведат до работ на граѓанска војна“, посочи пртеничката.

Tаа изрази надеж дека кај претседателот ќе завладее разумот и дека до крајот на неговиот мандат Иванов ќе каже „не“ на понатамошната амнестија.

„Граѓаните заслужуваат секој оној што направил криминал да одговара за криминалот особено кога зборуваме за криминал од такви размери“, истакна Калеска-Ванчева.

Taa исто така посочи дека на 5 мај Стево Пендаровски како нов претседател на граѓаните цврсто ќе застане на браникот на владеењето на правото и ќе ја поведе државата напред кон евро-атлантските интеграции.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК