Centar.mk
КУЛТУРА

ДВД-издание со филмови на Кирил Ценевски во финалето за награда во Болоња

Дигитализираниот опус од долгометражните играни филмови на Кирил Ценевски влезе во трка за меѓународната награда за најдобар ДВД-производ, што се доделува во рамките на престижниот фестивал на реставрирани филмови „Ил Чинема ритровато“ во Болоња, Италија, информираат од Кинотеката на Северна Македонија.

Заедно со изданието „Кирил Ценевски“ (дел од едицијата „Македонски игран филм“ на Кинотеката) во финалето влегле и изданија посветени на режисерите Денис Хопер, Мајкл Чимино, Ингмар Бергман, Бернардо Бертолучи, Милош Форман и други.

ДВД-сетот со четирите играни филмови на Ценевски излезе во март годинава, а ги содржи „Црно семе“ (1971), „Јад“ (1975), „Оловна бригада“ (1980) и „Јазол“ (1985).

Можеби ќе ве интересира

ЕКСКЛУЗИВНО: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти под отворено небо во Битола и Скопје

ДЕСК

Белградски овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“

ДЕСК

„Мисли на македонски, читај домашно“ завршува со голема донација: Книги од „Матица“ за сите одлични ученици во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“

ДЕСК