2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тага до небо: „Ти не умре Бибе, ти само се лизна“ – познатите се простија од Билјана Беличанец

Голем број пораки со последно збогум денеска осамнаа на социјалните мрежи по смртта на актерката и екс-градоначалничка, Билјана Беличанец.

Пораки со неверување и тага испратија голем број на актери, режисери, музичари и политичари.

„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостасуваш“, напиша актерката, Јелена Жугиќ.

„Што е тагата без договор на суштествувањето, без одговор на сочувствувањето, без ехо на внатрешниот глас? Збогум актерке со раскошен талент”, напиша пејачката Калиопи.

https://www.facebook.com/KaliopiOfficialPage/posts/10157285583413395

И актерот Васил Зафирчев остави емотивна порака за смртта на Беличанец.

„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша тој.

Писателот Венко Андоновски и напиша песна.

„Се надевам дека сега си на подобро место… Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше… Толку многу даде, а уште колку многу остана…. Тешко и за неверување маме“, напиша актерката, Јелена Јованова.

https://www.facebook.com/jovanova.jelena/posts/10215723944305766

Еден од најемотивните статуси на социјалните мрежи беше оној на Сашко Тасевски, кој рече за Беличанец секогаш имало место во Драмскиот театар.

„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157074499722180

Последно збогум кажа и Дац – „Имаше цврстина на маж, а беше кревка како кокиче“

„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија“, напиша Дац на својот ФБ профил.

И Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

„Почивај во мир моја драга Б.Б“, напиша Џамбазов.

Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па пораки за последно збогум оставија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.

„Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана“, напиша Мицкоски.

Оперскиот пејач Игор Дурловски од актерката Билјана Беличанец се прости со зборовите: „Најчесто доцниме со некој убав збор… Мирен пат Билјана Беличанец“.

Беличанец синоќа беше пронајдена мртва во својот стан. МВР јави дека актерката извршила самоубиство.