20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

„F2N2“: Германските инвеститори и дадоа на владата многу повеќе од оценка

Деновиве во јавноста беше пренесена информација дека германските компании ја оцениле работата на Владата со “нула”, како резултат на анкета спроведена во периодот од 1. февруари до 8.март 2019 година во која учествувале 41 компанија. Прашањето околу кое што се крена прашина во изминатите 10-тина дена гласи: „Генерално, како ја оценувате работата на актуелната влада?”

Оваа вест, пишува „Fighting Fake News Narratives (F2N2), претставува спин и обид на селективен начин и во негативна конотација да се презентира анкетното истражување на Делегацијата на германското стопанство за бизнис климата во Северна Македонија,

Насловот има за цел да ги наведе граѓаните да помислат дека владата е оценета со „0“, што всушност не е точно. Во јавноста беше изнесен само податокот дека ниту една компанија односно „нула“ компании одговориле дека Владата работи добро.

Целиот текст на следниот линк!