Владата предводена и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците, велат од СДСМ.
Како што истакнуваат од таму, исправена е долгогодишната непревда кон лозарите од Тиквешкиот регион кои не можеле да го исплатат предаденото грозје во приватните винарници „Повардарие” и „Стефани Винарија”.
„Државата ги исплати долговите. На над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион се исплатени им околу 1,2 милиони евра, со што се реши долгогодишен проблем но и се обезбеди приход кај 2.000 земјоделци за вложување во ново производство на квалитетно грозје“, стои во партиското соопштение.
Од владејачката партија додаваат и дека за само три месеци од годината исплатени се вкупно 40,5 милиони евра субвенции за над 80 илјади земјоделци.
„За субвенции за лозови насади беа исплатени околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари, на овоштарите за одржување на овошните насади околу 5,5 милиони евра, за одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено односно дека земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.