10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски на трибина со младите: Благодарение на вас го срушивме режимот, сега да продолжиме по европскиот пат

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, учествуваше на отворената младинска трибина насловена „Get up, stand up“, на која како што информираат од неговиот штаб, младите нагласиле дека тој е нивниот најголем сојузник и поборник за реализација на нивните права и европска иднина.

Пендаровски порачал во заедништво да се чекори напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни.

„Позитивните промени секаде ги носат младите генерации. Без млади на улиците ние не можевме да го срушиме режимот на Груевски со пенкало. За прв пат во историјата на нашата татковина младите излегоа на улица, благодарение на вас младите успеавме да срушиме автократски режим на избори и без насилство. Благодарение на младите оваа земја тргна напред. Сега е важно да продолжиме. Гледаме раст на странските инвестиции, гледаме ефекти од гаранција за млади и вработени 1.800 ваши врсници во само три општини, младите имаат шанси, отворени перспективи, ајде заедно да ги искористиме. Интеграцијата дефинитивно носи најмногу придобвки пред се за младите“, рече Пендаровски на трибината.

Спонзорирано: