17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Стоилковски: Најмалку 19 функционери од власта не поднеле пријави во Антикорупциска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковкси, на денешната прес-конференција одговори на, како што кажа, обвинувањата од СДСМ за лажни вести во однос на функционери од СДСМ и на други функционери на власта кон Антикорупциската комисија.

„Иако од СДСМ велат дека се доставени сите пријави на функционери до ДКСК согласно законските обврски, Антикорупциска во свое образложение вели дека не поседува документи и информации за најмалку 19 функционери согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси“, посочи партискиот портпарол.

Тој наведе дека констатирано е оти ДКСК не располага со информации и документи за низа звучни имиња на политичари од власта и објави дел од нив.

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов, директорот на Рудници РЕК Битола, Душан Вукадиевиќ, директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудош, Министерот за економија, Крешник Бектеши и низа други звучни имиња ги немаат доставено бараните материјали од страна на ДКСК“, кажа Стоилковски и додаде дека со ова само се покажува дека на државата и е потребно право и правда, велејќи дека токму тие два концепта ќе победат на претседателските избори.