Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Армијата со граѓаните – Специјалци и прелет на хеликоптер во градскиот парк

Во градскиот парк во Скопје, армиските гардисти, припадниците на специјалните единици, воениот оркестар, но и припадниците на Единицата за специјални задачи на МВР и воздухопловната бригада ги прикажаа своите вештини пред граѓаните.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, рече дека со денешната активност, но и со другите настани во рамки на одбележувањето на Неделата на НАТО, Министерството и Армијата испраќаат порака дека нашата земја е подготвена да биде 30. членка на Алијансата.

„Зад нас беше тежок процес, беше потребно многу трпение, многу енергија, меѓутоа денеска и оваа година можеме да кажеме дека како држава успеавме. Со ваквите настани, со контакти со граѓаните покажуваме дека сето ова што сме го правеле, сме го правеле за граѓаните да бидат побезбедни и за да има повеќе шанси и за нив и за нашата земја“, истакна министерката.

Шекеринска исто така се заблагодари за големиот граѓански интерес за овие настани.

На отворениот ден настапија и децата од здружението „Трисомија 21“, а беа прогласени и трите најдобри есеи на тема „НАТО и ТИ“ – средношколките Валона Абдулаху, Петрина Станковска и Мима Војновска се наградени со студиско патување во седиштето на Алијансата во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК