Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комеморација за Беличанец во Драмскиот театар и Кисела Вода

Драмскиот театар и Општина Кисела Вода најавија дека ќе одржат Комеморација во чест на прерано починатата актерка и екс-градоначалничка, Билјана Беличанец.

Комеморацијата во општината ќе се случува утре со почеток во 15 часот во новоизградениот дом на Културата КВК во Кисела Вода.

Драмскиот театар, пак, најави Комеморација за нивната колешка, чијшто матичен театар беше Драмскиот, во вторник во 10 часот.

„Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир“, велат од нејзината матична куќа.

Скопската полиција синоќа добила пријава за смртта на актерката Билјана Беличанец. Како што информираа од МВР, нејзиниот сопруг пријавил дека во неговиот стан, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК