14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поројни дождови и грмежи – Од недела уште поголема промена на времето

Денеска и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

Прогноза за 06.04.2019
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°С до 19°C
Променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен на северот.

Прогноза за 07.04.2019
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Претежно облачно со повремен дожд. Од крајот на денот врнежите од запад ќе се поинтензивни.

Прогноза за 08.04.2019
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Облачно со поинтензивни врнежи од дожд и појава на ретки грмежи.

Спонзорирано: