Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пајакот со многу работа во изминатото деноноќие – еве колку казни напиша полицијата

Во текот на изминатиот ден (03.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, шест возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатен платен налог и 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Изминатиот ден се случиле шест сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК